Меню сайта

Мини-чат

Наш опрос
Оцените мой сайт
Всего ответов: 0

Статистика

Онлайн всего: 1
Гостей: 1
Пользователей: 0

Главная

Регистрация

Вход
Приветствую Вас Гость | RSS


Мой сайт


Среда, 18.06.2025, 21:03
Главная » 2014 » Май » 24 » Бели крвни зрна. Prashanje 4
20:37

Бели крвни зрна. Prashanje 4





бели крвни зрна

ПРАШАЊЕ: Дијагностицирано ми е намалено дејство на тироксин. Ваши предлози за здрава исхрана со оваа дијагноза.

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Преку хормоните што ги произведува, штитната жлезда влијае речиси врз сите метаболички процеси во организмот. Најчеста тегоба со штитната жлезда е неправилното создавање на нејзините хормони што доведува до хипотиреоза. Хипотиреозата потекнува од намаленото лачење на хормоните на штитната жлезда. За создавањето енергија во организмот се потребни определени количества хормони на штитната жлезда, па намаленото лачење на хормоните доведува до пониско производство на енергија.

Честа причина за хипотиреозата е Хашимотовиот тиреоидитис – автоимуно нарушување при кое белите крвни зрнца постепено го истиснуваат ткивото на штитната жлезда, кое тогаш го напаѓаат антителата. Хипотиреозата може да биде и последица на оперативно одстранување на штитната жлезда или хемиско разорување на ткивото во текот на лекувањето. Ако сте изложени на големо количество јод, можеби од скриени извори – лекови против настинка и воспаление на синусите или некој медицински тест, постои голема опасност од развој на хипотиреоза, особено ако порано сте имале проблеми со штитната жлезда. Најчести симптоми на хипотиреоза се Тромавост, забавено размислување, забавена работа на срцето, зголемено чувство на студ, трпки или губење на чувството во рацете Исхраната треба да биде богата со овошје, зеленчук, риба, житарици и мешунки.

Од палетата на Виталиа Ви ги препорачуваме следниве производи Џумбир во прав – е со врвен квалитет и ке Ви помогне во лечење на широк спектар на заболувања. Содржи активна супстанција гингерол од каде произлегуваат неговите лековити својства. Ја подобрува циркулацијата на крвните садови, го забрзува метаболизмот, ја зголемува менталната будност, го подобрува помнењето и ја намалува напнатоста.

Спирулина Натурал Таблети – идеална комбинација на нутритивни состојки, витамнини, минерали и антиоксиданси кои ке ја подобрат виталноста и свежината на Вашето тело. Со само 6 таблети дневно ке ги задоволите основните потреби на организмот.

Пивски квасец во прав – најбогат природен извор на витамини од Б групата. Го забавува стареењето, го прочистува и регенерира нервниот систем, ги одстранува мачнината и тежината во стомакот.Цветен прав – е природен еликсир со извонредна богата содржина на избалансирани хранливи материи, природна комбинација на витамини ( А, Б, Ц, Е), минерали ( На, Ца, мг, Фе) и протеини. Делува во случај на замореност и го зајакнува организмот при ментален замор и исцрпеност.

Интегрални житарици или цереалии во зрно или во форма на снегулки и тоа овесни, јачменови, пченични и ржени. Во палетата на Виталиа производи застапени се и четирижитни снегулки и базис мусли кои се избалансирана мешавина на снегулки и семиња ( сончоглед. лен и сусам).

Намирници кои се корисни за функцијата на штитната жлезда се морков, спанаќ, кајсии, авокадо, банани, сончогледови семки, маслиново масло и житарици. Избегнувајте пијалоци богати со кофеин како и стимуланси како што се пушење и алкохол бидејќи и тие влијаат на работата на штитната жлезда.Поединци со хипотиреоза склони се кон послаба дигестија и констипација (затвор). Исхрана богата со растворливи влакна (30гр./ден) ја подобрува дигестијата и ја зголемува ситоста. Слабата работа на штитната жлезда директно влијае на метаболизмот па е неопходно внесување на вода, најмалку 8-12 чаши вода на ден.

Стресот е главен фактор кој придонесува за развој на хипотиреозата. Еден од најдобрите начини за редукција на стресот е редовна физичка активност. Редовната физичка активност е посебно важна ако патите од хипотиреоза. Таа е неопходна за забрзување на метаболизмот и зголемување на активноста на штитната жлезда. Доволна е 30-45 минутна дневна теловажба.



Источник: www.vitalia.com.mk
Просмотров: 239 | Добавил: atervery | Рейтинг: 0.0/0
Всего комментариев: 0
Форма входа

Поиск

Календарь
«  Май 2014  »
Пн Вт Ср Чт Пт Сб Вс
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031

Архив записей

Друзья сайта
  • Официальный блог
  • Сообщество uCoz
  • FAQ по системе
  • Инструкции для uCoz

  • Copyright MyCorp © 2025 Бесплатный конструктор сайтовuCoz